ЕдПлаКо-МК се стреми да изгради платформа за понуда и побарувачка на работни места со флексибилни работни услови, со цел да ги зајакне жените, да го поттикне нивното вклучување на пазарот на труд и да го искористи нивниот талент, особено на професионалните мајки кои бараат можности со флексибилни работни шеми.
ЕдПлаКо-МК предлага воведување – во Законот за работни односи – на следните флексибилни работни форми:
• Комбинирано работно време
Дел од работното време се користи во канцеларија, а дел дома, врз основа на спогодба помеѓу работодавецот и работникот.
• Работа на далечина
Користење на работното време надвор од седиштето на компанијата –работа на далечина.
• Намален ден
Работниот ден трае 6 или 7 часа, со елиминирање на паузата за ручек.
• Половина работно време
Работниот ден трае 4 или 5 часа, во канцеларија или на далечина.
• Работам на проект
Работа на проектна задача во одреден временски период, која вклучува јасно дефинирана цел. Подразбира платени социјални придонеси.
• Полно работно време со флексибилни часови
Работа од 8 часа дневно, но со можност за прилагодување на времето за влез и излез од компанијата.
• Поделена работа
Задачите за исто работно место се поделени во две смени, по половина или по цел работен ден.
• Компресирана недела
Работа по повеќе од 8 часа дневно, за да се има слободен петок.