![]() Finance Think – непрофитен институт за економски истражувања и политики – го осмисли и дизајнираше концептот ЕдПлаКо-МК. Мисијата на Finance Think е да го подобри влијанието на економските и социјалните трендови и политики врз граѓаните во Македонија и регионот на Западниот Балкан, преку економски истражувања, застапување базирано на докази и водено од податоци, и поттикнување критичка дебата за економските процеси. |
![]() Централноевропската Иницијатива – КЕП Австрија, со финансиска поддршка од Австриската развојна агенција, овозможи понатамошен развој и надградба на платформата ЕдПлаКо-МК. |
![]() Фондот за мисловни лаборатории при Институтот Отворено Општество – Будимпешта ја поддржа визуелизацијата на родовиот јаз во платите во Македонија. |
![]() Студијата `Анализа на родовиот јаз во платите кога жените се високо неактивни: Докази од повторени импутации со Македонски податоци` е поддржана од Глобалната Мрежа за Развој во рамки на Јапонската награда за исклучително истражување за развој 2013. |
![]() Идејата за платформата ЕдПлаКо-МК е добитник на Првата награда на Конкурсот за социјално-иновативни проекти “Смисли нешто – остави трага”, распишан од Обединетите нации и Министерството за надворешни работи на Република Македонија. |