• Дознајте колку треба да изнесува вашата плата, според вашите карактеристики и којашто е родово неутрална

Истражувања

Книга „Родов и мајчински јаз во платите во Македонија: Прирачник за пресметки со примена во СТАТА“.

Шоукарта за застапување „11 решенија за да се намали родовиот јаз во платите во Македонија“.

Студијата што е во позадината на ЕдПлаКо-МК може да се преземе тука :

Petreski, M. Mojsoska-Blazevski, N. and Petreski, B. (2014) Gender wage gap when women are highly inactive: Evidence from repeated imputations with Macedonian data. Journal of Labor Research, December 2014, Volume 35, Issue 4, pp 393-411.

Други студии на темата за родовиот јаз во платите за Македонија вклучуваат:

Извештајот и индексот за глобалниот јаз во платите може да се преземе тука.

Импакт

ЕдПлаКо-МК може да биде основата за дизајн или прилагодување на политиките за родова еднаквост во Македонија.

Со помош на ЕдПлаКо-МК , предлагаме осмислување на сеопфатна Стратегија за еднакви можности за вработување, чија имплементација ќе се базира на користење и имплементација на карактеристиките на ЕдПлаКо-МК во секоја компанија и институција.

Другите насоки за кои се залагаме преку користење на ЕдПлаКо-МК се следните:

  • Воведување флексибилни аранжмани на работното време (особено за фаворизирање реинтеграција на мајките и примателите на дознаки на пазарот на трудот);
  • Воведување скратено работно време за жени со мали деца и за жени кои примаат дознаки во текот на подолг временски период;
  • Воведување можност за споделување на работата, вклучувајќи застапување и ширење на информации за тоа;
  • Поголем надзор и контрола при исполнување на квоти за жените во управните и извршните одбори.

Совет

Упатство за користење на платформата ЕдПлаКо-МК

Упатството може да се преземе на следниот линк.

Советување за еднакви плати

Нашиот тим нуди бесплатно советување за компаниите и институциите коишто преку оваа веб алатка го тестираа својот систем на плаќања и се стекнаа со логото ЕдПлаКо-МК.

Советувањето вклучува подетална анализа базирана на побогат сет од податоци од оној што го приложувате на ЕдПлаКо-МК, и подразбира изготвување извештај за поставеноста на системот на плати, со главен акцент врз елиминирањето на разликите во плаќањата меѓу мажите и жените во вашата компанија.

Доколку сакате да го искористите бесплатното советување, пишете ни на info@financethink.mk.

Користи за организациите

ЕдПлаКо-МК е наменет да им помогне на работодавците да ги идентификуваат причините за нееднаквостите во платите и да дефинираат оперативни решенија за фер плати на мажите и жените. Поконкретно, користите од ЕдПлаКо-МК за организациите се:

  • Овозможува предност со еднаквост во платите како фактор за привлекување на најдобрите работници;
  • Дава основа за подготовка на практики поврзани со надоместите, кои може да се искориста во процесите како колективно преговарање, преговори за индивидуална плата и слично;
  • Ја подобрува “контролата врз платите”;
  • Ја подобрува транспарентноста на политиката на плати и гради добра слика за компанијата;
  • Ја зголемува вкупната мотивација во компанијата / институцијата, а оттука и задоволство од работата, со тоа придонесувајќи за подобри работни услови;
  • Овозможува да се постигне конкурентска предност преку родова разновидност и искористување на потенцијалот на жените во компанијата.

Користи за индивидуите

На индивидуално ниво, ЕдПлаКо-МК овозможува на сегашните и идните вработени да имаат мерило со коешто ќе ја проценат нивната објективна плата – прилагодена за нивните карактеристики и коригирана за пристрастноста во селекцијата. Поконкретно, користите од ЕдПлаКо-МК за индивидуите се:

Поттикнува мотивација тие да се вклучат на пазарот на трудот;
Го олеснува процесот на преговори за вработување или напредување на работното место.

За платформата

Finance Think - непрофитен институт за економски истражувања и политики - го осмисли и дизајнираше концептот ЕдПлаКо-МК.

Мисијата на Finance Think е да го подобри влијанието на економските и социјалните трендови и политики врз граѓаните во Македонија и регионот на Западниот Балкан, преку економски истражувања, застапување базирано на докази и водено од податоци, и поттикнување критичка дебата за економските процеси.

Централноевропската Иницијатива – КЕП Австрија, со финансиска поддршка од Австриската развојна агенција, овозможи понатамошен развој и надградба на платформата ЕдПлаКо-МК.

Фондот за мисловни лаборатории при Институтот Отворено Општество – Будимпешта ја поддржа визуелизацијата на родовиот јаз во платите во Македонија.

Студијата `Анализа на родовиот јаз во платите кога жените се високо неактивни: Докази од повторени импутации со Македонски податоци` е поддржана од Глобалната Мрежа за Развој во рамки на Јапонската награда за исклучително истражување за развој 2013.

Идејата за платформата ЕдПлаКо-МК е добитник на Првата награда на Конкурсот за социјално-иновативни проекти “Смисли нешто – остави трага”, распишан од Обединетите нации и Министерството за надворешни работи на Република Македонија.